Настапот на Драгана Мирковиќ го прекина неочекуван гостин: Пејачката се смрзна од шок, не ни сонуваше дека тоа може да се случи!
Драгана Мирковиќ на работ на солзи
Драгана Мирковиќ, отсекогаш била пример за младите пејачи, давајќи им безрезервна поддршка и помош во текот на целата нејзина кариера. Нејзината популарност и влијание меѓу помладите колешки беа видливи на неодамнешниот концерт во Будва, каде младите ѕвезди Теа Таировиќ, Андреана Чекиќ и Катарина Грујиќ го следеа настапот на Драгана Мирковиќ од ВИП ложата.
Младите пејачkи кои напорно работеа летово, се одморија од своите настапи за да уживаат во концертот на регионалната музичка ѕвезда. Нивното доаѓање ја израдувала и самата Драгана Мирковиќ, која веднаш штом ги забележала им се обратила од сцената изразувајќи го своето задоволство од присуството на Андреана Чекиќ, Катарина Грујиќ и Теа Таировиќ.
-Благословена сум вечерва, покрај вас го имам најубавото друштво - им порача Мирковиќ на присутните и појасни:
- Ги имам Андреана Чекиќ, Катарина Грујиќ и Теа Таировиќ. Што повеќе ми треба?
Младите ѕвезди во текот на вечерта уживаа во песните на народната кралица и на социјалните мрежи споделија детали од концертот. Теа Таировиќ дури изрази желба да ѝ се обрати на Драгана, нагласувајќи колку ја сака и колку е единствена. Нејзините зборови беа дочекани со ентузијазам кај публиката, која овој гест го награди со аплауз.
- Морам да ти кажам дека си една, единствена, дека си кралица. Многу те сакам и сигурна сум дека сите овде вечерва многу те сакаат - рече Теа, која беше наградена со овации од публиката.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм - screenshoot
Извор: република.рс