НАТО, руски шпиони, тајни документи... Што се крие зад естонската трилер серија „ПРЕДАВНИК“?

Добивај вести на Viber

Наградуваната естонска серија „Предавник“ обработува тема која звучи интригантно и релевантно за денешното време, но она што е фасцинатно е дека приказната е инспирирана од вистински настан од 2004 г., кога Естонија пристапува кон НАТО Сојузот. Настанот врз основа на кој е снимана серијата е окарактеризиран како најголем шпионски скандал по завршувањето на Студената војна.

Приказната во серијата се врти околу државниот службеник, Алфред Винт, кој започнува да пренесува доверливи документи поврзани со безбедноста на Естонија, ЕУ, како и друга  НАТО документација кон руската разузнавачка служба. Со цел да ја исполни својата задача кон руските спроведувачи тој поминува многу граници кои друг човек не би се осмелил да ги премине.

Ликот на Алфред е инспириран од вистински потполковник од Естонија кој бил задолжен за воспоставување на безбедносните протоколи за документацијата поврзана со безбедноста на Естонија, НАТО, па дури и безбедносни информации за други земји членки на ЕУ и НАТО. Истрагата покажала дека тој неколку години ја злоупотребува својата позиција и открива преку 3.000 доверливи документи кон Русија. За своите дела е осуден како предавник и соработник на Русија, но Кремлин негира секаква вмешаност во случајот.

Сепак една реплика одекнува низ серијата (а можеби и реалноста):

АЛФРЕД: Живеам во свет на огледала, како да сум во транс цело ова време.

Вистинскиот „предавник“ бил фатен и осуден, а што ќе се случи со ликот на Алфред останува да дознаеме...

Интригантниот шпионски трилер „ПРЕДАВНИК“, можете да го гледате само на македонската стриминг платформа GLEY.tv.

Покрај оваа серија, gley.tv нуди мноштво на серии и филмови од различни жанрови. Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, како и на компјутер.

ПР текст