Научниците сигурни: Кучињата можат да помогнат во лекувањето на аутизмот кај децата
Научниците откриваат
зошто секое дете, особено тоа што страда од аутизам, треба да има куче во домот
Шведски научници објавија дека врската помеѓу куче и дете може да послужи како терапија во лекување на тешки нарушувања, како што е аутизмот и некои ментални нарушувања, пишува Yumama.com
Шведскиот професор Пер Јенсен изјави: "Окситоцинот е исклучително силен медијатор во односот помеѓу куче и човек. Луѓето кои имаат физички контакт со своето куче имаат зголемено ниво на окситоцин, кој се задржува во текот на комуникацијата помеѓу животното и човекот, а овој хормон е важен во борба против стресот.
Окситоцин е хемикалија позната како „љубовен хормон“ излачуван од кучиња и луѓе, познат по тоа што ја зајакнува социјалната врска помеѓу луѓето и животните. На менталниот, социјалниот, емоционалниот и когнитивниот развој на децата може да му помогне интеракција со домашно милениче.
Домашните миленици имаат позитивна улога во психо-физичкиот и социо-емоционалниот развој на децата. Тие се особено корисни за деца со аутизам, тешкотии во учењето, хиперактивни или агресивни деца.
Децата со аутизам користат претежно невербална комуникација, исто како и домашните миленици, така што контактот со нив може многу да му помогне на детето во подобра интеракција со луѓето. Домашните миленици кај децата со пречки во учењето можат да бидат одличен лек за стрес кој поминува поради фрустрација. Исто така, галењето куче може да ги смири хиперактивните или агресивните деца, како што покажуваат многу студии.
Извор: stil.kurir
Можеби ќе ве интересира:
Преслатко девојче со Даунов синдром шири позитива: Инспирација за децата, гордост за родителите