,

Преслатко девојче со Даунов синдром шири позитива: Инспирација за децата, гордост за родителите

Добивај вести на Viber

Бела ќе ви ги стопли срцата со нејзината насмевка.

„Дали би избрала да имам дете со Даунов синдром, веројатно не, но дали би променила ти да си тоа дете, апсолутно не“, се зборовите на мајката на малата Бела, девојче со Даунов синдром која е вистинска инспирација и гордост за родителите. 

Нејзината мајка вели дека не знаела многу за Даунов синдром, и била загрижена за иднината на девојчето. Но сега знае дека тоа всушност ги прави посебни децата и вели:

-НЕ е негативна работа да имате Даунов синдром и сигурно не е причина да ја прекинете бременоста, не плашете се од непознатото, непознатото може да биде токму она што никогаш не сте знаеле дека ви треба, тоа може да го направи вашиот живот поубав и да го комплетира вашиот свет.

Од ден на ден, забораваме дека Бела има Даунов синдром. За нас таа е само нашата Бела, нашиот мал силен ум, одлучна мала дама. 

Мајката признава дека пред да се роди Бела, нејзин најголем страв бил како ќе изгледа девојчето, но сега жали што воопшто помислувала на тоа и порачува дека она што луѓето треба да го знаат е дека, без оглед на тоа како ќе се роди вашето дете, дали со Даунов синдром, аутизам, церебрална парализа, вие ќе го сакате тоа дете и ќе дадете се' од себе да се грижите за него. 

Бела денес е преслатко девојче, таа е многу популарна на Инстаграм, каде освојува со нејзината топла насмевка, обожава да танцува и да позира.

извор и фото: instagram