Науката вели дека жените се подобри дегустатори на вино од мажите

Добивај вести на Viber

Науката докажала дека кога станува збор за пиење вино, мажите едноставно не можат да ги задржат своите емоции. Според новото истражување, жените се подобри за дегустација на вино од мажите и се способни да го ценат квалитетот на виното на поинакво ниво од мажите.

Студија. Една нова студија објавена во списание за квалитет и избор на храна, вели дека мажите не можат да забележат разлика помеѓу квалитетот на виното. Користејќи 208 учесници, истражувачите го оценувале  секој доброволец  со розе, два вида бело вино и три видови црвено вино.

Реакции. Според „Daily Meal“, истражувачите сакале да дознаат како работите што ги вкусувате влијаат врз чувствата што ги чувствувате и како тие реакции се разликуваат помеѓу возраста и полот. Интересен е фактот, што мажите имале најчувствителни одговори при дегустација на виното.

Квалитет. Жените биле супериорни кога станува збор за познавање на разликата во квалитетот помеѓу различните вина. Па, зошто е тоа така? Според некои теории, жените имаат поостро чувство за мирис.

Вино. Експертски вински критичар за „Daily Mail“ изјави дека таа верува дека причината зошто жените се подобри при дегустација на виното е затоа што тие можат да го ценат многу повеќе. Тие го забележуваат секој детал, од вкусот до мирисот, наместо едноставно да го испијат.

Емоции. Истражувачите исто така забележале дека виното има тенденција да создаде некои емоции кај лицето кое го конзумира. Овошните вина имаат тенденција да создадат позитивни емоции, а од друга страна, вината со ванила имаат тенденција да изнесат негативни емоции.

Мажи. Интересно е тоа што поголемиот дел од сопствениците на винарските визби се мажи. Според „Bustle“, само 25 од 158 американски мајстори за вино се жени. „Goolden“ тврди дека во винската индустрија доминираат мажи, бидејќи е честа заблудата дека мажите се подобри во дегустација од жените.

Преференции. Сè на сè, истражувачите заклучиле дека кога станува збор за пиење вино, жените уживаат многу повеќе. И во најголем дел, тие претпочитаат бело вино пред црвено вино, додека спротивното важи за мажите.

Врсници. Многу професионални женски дегустарори се согласија со наодите од студијата, но рекоа дека не сакаат да коментираат за тоа поради тоа како тие ќе бидат третирани од нивните машки врсници. Можеби благодарение на оваа студија, повеќе жени ќе бидат инспирирани да имаат свои винарии во иднина.