(ФОТО) Не била секогаш модна икона: Стилските утки на Викторија Бекам
Денеска важи за модна икона, а стлистите и модните критичари ѝ го следат секој чекор. Но, Викторија Бекам не била секогаш трендсетерка и не ја диктирала модата како денес. За своите стилски утки, таа и самата раскажа во едно интервју за „Вог“.
Сопругата на славниот фудбалер Дејвид Бекам која е мајка на четири деца, се присети на својата рана младост и на сите убави и турболентни мигови од нејзиниот живот.
„ Имав ли трајна фризура која изгледаше многу невкусно? Имав. Носев ли чудни фармерки? Носев. Дали некогаш сум била непристојно облечена? Да, но само кога бев членка на групата „Спајс грлс“. Кога бев помлада, мајка ми таква никогаш не би ме пуштила надвор“, раскажа Бекам.
Токму по тие стилски промашувања за кои зборува дека ги имала во „Спајс грлс“, таа ја напушти женската група и стана успешна модна дизајнерка. Вели дека без поддршката од родитетелите не би успеала.
„ Кога и да речев дека нешто не можам, татко ми ќе ме погледнеше и ќе ми речеше: Како тоа мислиш-не можам? Така денеска и јас правам со моите деца“, додала Викторија.
И понатаму во интервјуто, таа е брутално искрена.
„ И јас и останатите членки на групата изгледавме катастрофално. Бевме како мажи со многу нападна шминка на доделувањето на Американските музички награди во 1998 година“.
Единствен период кога за себе си има пофални зборови е времето кога го снимале спотот за песната „Goodbye“. Тогаш имала кратка коса, природна шминка, и била бремена со синот Бруклин. За крај, Бекамова вели дека не жали за сите експерименти со стилот, затоа што тоа е единствен начин еден млад човек да се пронајде.