НЕ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ШТРАЈКУВА,ТУКУ КОГА: И вработените во училиштата бараат повисоки плати
Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) најави штрајк во училиштата во текот на септември заради повисоки плати на вработените во образованието и за почитување на колективниот договор. Претседателот на НСОН, Томислав Гиевски, за МИА изјави дека активно работат на терен и се во преговори со училишта за окрупнување на членството за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк.
Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), пак, не е за штрајк и со Министерството за образование и наука веќе преговара за зголемување на платите. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, за МИА изјави дека поддржуваат сѐ што е конструктивно и аргументирано. Соопшти дека со МОН се во преговори за покачување на платите од септември за дополнителен процент на најавените 10 отсто што вработените во образованието треба да ги добијат со Општиот колективен договор (ОКД). Повеќе на Фактор.мк
Фото: freepik