Не е прв пат „маж“ да забремени, но прв пат е да излезе на насловна: Светот е во „шок“, а уште пошокантна е неговата изјава (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Бремениот трансродовиот маж, Логан Браун, позираше за насловната страница на изданието „Pride“ на магазинот „Glamour“. Во самиот наслов пишува:

- Јас сум бремен транс маж и постојам. Што и да каже некој, јас сум жив доказ.

Тој позираше во одело со откриен стомак, а милиони луѓе постојано коментираат на насловната страница.

Логан Браун е трансродовиот маж кој забременил со небинарен уметник. Логан го привлече вниманието на јавноста кога почна да го споделува своето искуство во бременоста на блогот „Up The Duff Man“.

27-годишникот вели дека неговата бременост била неочекувана и дека се чувствувал како „целиот свет да запрел“ кога добил позитивен тест.

Тој вели дека бил жртва на бројни коментари по објавувањето на веста на социјалните мрежи.

– Мажите не можат да забременат – му напишале во коментарите.

- Јас сум доказ дека можам - вели Логан.


- Она што ме прави да се чувствувам моќен како транс маж е тоа што без разлика кој и да кажам дека сум, јас сум таа личност и тоа никој никогаш не може да ми го одземе - вели тој во текстот кој предизвика големо внимание, како во Британија и во светот. Моментално пишува две книги, автобиографија и една за својата бременост, која ја нарече „Стомакот на татко ми“ . лошите коментари не запираат а еве и дел од нив: „Ова е крајот“, „И ние го доживеавме“, „Катастрофа“, „Овој свет одамна отиде таму каде што не треба“, „Немам зборови“, „Очите не ми се навикнуваат на ова“, „Го разбирам правото на избор, но нема потреба од ваква промоција“, „Ова не е природно и тука е крајот на секоја приказна“, пишуваат многумина...

Сепак, колку и за себе да вели дека е маж, Логан е роден како жена, па со самото тоа и покрај хормонската терапија да изгледа маженствено, сепак тој има органи на жена кои овозможуваат тој да зачне, без оглед на тоа како се декларира.


Фото:glamouruk/instagram