„Не ги потиснувајте чувствата – плачот, тагата и бесот се природни очекувани реакции“: Ивана Хаџииванова со психолошки совети како да се справиме со шок и траума по трагедија

Трагедијата која ја зави Македонија во црно, е колективна тага и траума на која секогаш ќе се сеќаваме.
Во вакви моменти потребни се психолози кои со нивните совети, ќе ја олеснат ситуацијата за како полесно да ги прифаќаме информациите и како треба да реагираме кога некој е во шок или огромна болка.
Психолог Ивана Хаџииванова преку социјалните медиуми испрати неколку совети:
Кога некој е во шок или огромна болка, емпатичната поддршка и солидарноста може да донесат големо олеснување. Да бидеме тука едни за други …
*КАКО ДА ПРУЖИМЕ ПРВА ПСИХОЛОШКА ПОМОШ ВО ВРЕМЕ НА ТРАГЕДИЈА?
Останете смирени – Вашето присуство треба да внесе чувство на безбедност
Активно слушајте – Оставете ги да зборуваат, без да ги прекинувате
Не ја намалувајте болката – Наместо „ќе помине“, кажете „тука сум за тебе“
Прашајте што им треба – Наместо да претпоставувате прашајте „Што би ти помогнало сега?“
Не ги присилувајте да зборуваат – Понекогаш, тишината и присуството значат повеќе
Понудете практична помош – Храна, информации и контакти за поддршка
Ако ви е тешко да се справите со вашите реакции, побарајте поддршка од блиските или стручна помнош.
КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ СО ШОК И ТРАУМА ПО ТРАГЕДИЈА?
По големи трагедии, нормално е да чувствуваме шок, неверување и силен страв. Нашиот мозок се обидува да се заштити од интензивна болка
ДОЗВОЛИ СИ ДА ГИ ПОЧУВСТВУВАТЕ ЕМОЦИИТЕ
Бидете во контакт со блиски луѓе – споделувањето носи олеснување
Не ги потиснувајте чувствата – плачот, тагата и бесот се природни очекувани реакции
Телото очекувано реагира – замор, немир, несоница и главоболки се можни симптоми на трауматски стрес. Движењето може да помогне.
Фото: Инстаграм