„Не го загуби духот“: Жика Јакшиќ откри нови детали за здравствената состојба на Саша Поповиќ
Креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, извесно време отсуствува од емисиите поради здравствени проблеми, но вест за неговото закрепнување донесе неговиот пријател и колега Жика Јакшиќ.
Жика Јакшиќ гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека детали за здравствената состојба на Саша Поповиќ.
Српскиот водител истакна дека Поповиќ се чувствува подобро и дека е позитивен со оглед на неговата состојба.
„Сале е подобро, најдобро да речам. Не го изгубил духот, пред некој ден беше во студиото на„Гранд“, се поздрави со сите. Тоа е најважното. Оди на подобро, барем така покажува неговиот изглед. Тоа е важно“, изјави Жика.
Да потсетиме, на снимањето на новите епизоди на „Ѕвездите на Гранд“ се појави продуцентот, музичкиот директор и член на жирито Александар Милиќ Мили, кој рече дека Поповиќ е запознаен со се што се случува на снимањето и дека наскоро ќе се приклучи на тимот.
Мили истакна дека тој и Поповиќ се во редовен контакт. „Во контакт сме, се разбира, наскоро ќе се врати“, рече Мили, а на прашањето дали се работи добро во „Ѕвездите на Гранд“ одговори: „Се е супер, но многу ни недостасува“, признал продуцент.
Извор: Mondo.rs