Не, Ким Кардашијан не знае за граница - го шокираше светот со најбизарното издание на годината: Особено деталот на главата запрепастува
Ако мислевте дека Ким Кардашијан веќе ги покажа сите бизарни
аутфити и имагинативни изданија, се лажете... Се чини дека прославената реалити
ѕвезда нема граници и секогаш е подготвена на публиката да и понуди иновативни,
по малку шокантни комбинации, а се појави во еден од нив вчера.
Имено, Ким отишла на ручек со своите сестри во еден престижен ресторан во Лос Анџелес, а нејзиното издание за оваа прилика во најмала рака е дискутабилно... Но, пред се е впечатливо и не може да помине незабележано!
Славната 41-годишна девојка ги истакна своите бујни облини во црвено кожено здолниште со длабок отвор, а го надополни со плетена блуза со несекојдневен принт, што навистина придонесе Ким да изгледа како оган што оди.
Атрактивната бринета сè комплетираше со кожени ракавици и црвени чорапи-чизми, повторно покривајќи ја секоја педа од нејзиното тело, стил на кој му е верна веќе неколку месеци.
Секако, таа се обиде да направи сè уште пооткачени детали во форма на црна, крзнена чанта и огромни очила за сонце со крзнени рамки.
Погодувате, коментарите на социјалните мрежи не беа љубезни кон Ким. „Како не се срами, а?“, „Очајна е за внимание, а не може ни да го сокрие тоа“, „Движечка шега од жена“, „Боже, застани ја, те молам“, „Ова ги тероризира нормалните луѓе“ , „Како лик од цртан филм“, „Многу непријатно“, се само дел од коментарите.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube - TheEllenShow
И Ким Кардашијан ја има: Што е псоријаза, зошто се јавува и што ја предизвикува