Не ми пречи да ми вадат муабети дека сум пластична: Агнеса за корекциите кои ги има или нема правено за да има тело ремек дело

Добивај вести на Viber

Денот секојдневно го започнува со смути од овошје и мешавина на јаткасти плодови, а од кафе преферира македонско кафе во утринските часови.

Ова ни го открива познатата инфлуенсерка која на социјалните мрежи, често знае да крене прашина. Агнеса Органџиева.


Денес со неа зборуваме околу нејзиниот начин на исхрана и одржување на телото, кое е навистина ремек дело.


*Агнеса, за колкав временски период го доведе телото во вакво совршенство

-Верувајте после второто породување имав голем проблем со задршка на течност во телото, за што јас бев самата крива… веднаш почнав да носам корсет дури и спиев со него само за да ми остане струкот во таа димензија. Направив проблем на телото каде што го занемарив моментот дека на телото на секоја мајка после породување му се потребни од 8 до 12 месеци да се врати во нормална состојба, така да сум направила блокада и течноста отиде во раце и нозе ( а да струкот остана секако мал и стомакот). Потоа посетував многу салони, многу вежбање каде што немав голем успех, а реално и сум гурман за храна (стрвла невидена). Еден ден се разбудив и кажав е крај, тука веќе ја активирав моќта на потсвеста каде што јас му наредував веќе на телото, што значи секој ден си кажував не си гладна Агнеса имаш резерви во тебе (салцето) кога не јадеш резервите се трошат и слабееш. Сето ова траеше 4 месеци. 

*Каква исхрана практикуваше додека го градеше телото и како го доведе до перфекција?

-Што правев? Почнав со домашна пилешка чорба зготвена од зеленчук и пилешко месо или од коска, и на секои 2 до 3 часа јадев само тоа ама по една чинија (150/200грама) до 19:00ч, 10 дена… каде што во првите 7 дена изгубив 6 килограми (исфрлање на течност) потоа почнав со внесување на протеини (белки 2 со зеленчук или месо) исто на секои 3 часа со иста доза од 150 грама. Алкохол исфрлив, благо, тестенини, леб.. дури го држев режимот. Јас за 4,5 месеци изгубив 15 килограми. Потоа почнав со вежбање поради затегање на мускулите, и уште имам работа околу тоа ама сѐ полека. Телото е веќе навикнато на внесување на мало количество храна, но повеќе пати. 


*Преферираш кафе или не толку често?

-Да си сакам кафе и тоа македонско кафе во утринските денови, го пијам 2 пати на ден. 

*Како се храниш во лето-кои намирници се најчесто на твоето мени?

-Сега си продолжувам со иста исхрана практикувам да сум на зеленчук и месо. 


*Дали сакаш благо и колку внимаваш што јадеш за фигурата?

-На благо никогаш не сум била некој зависник, ама знаело наеднаш ми се случи “напад” и да изедам пола чоколада.


*Многумина ти завидуваат на извајаното тело-Дали и каде имаш силикони, а што на тебе е природно?

Да , и завидуваат на мојата конструкција на тело која што јас си ја обожувам како што ја нарекуваат песочен часовник, реално и ретка е, и не им замерувам и се надевам дека еден ден сите ќе сфатат дека како што те дал господ треба да си се сакаш себеси, не можеме сите да бидеме исти, да бевме сите исти немаше да постоиме (се смее). Да ми вадат муабети дека сум пластична и тоа не ми пречи бидејќи знам дека со тоа ја докажуваат мојата убавина (се смее) . Естетика на тело немам, естетика на лице немам (пластика). Имам на веѓите работено јапонска метода на обликување, бидејќи поранешната мода беа тенки веѓи, имам контурирање на усните со хиелорон и baby ботох на челото, каде што си дозволувам на мои 39 години да си се освежам. Користам доста квалитетни креми и серуми од мојата 20-та година (школо од мајка ми) каде што моето лице изгледа младо и свежо. 

На 20 години жената има лице кое ѝ го подарила природата, на 30 она кое го создала сама, а на 40 она кое го заслужила- вели Агнеса за крај на интервјуто.


Ирена Ставрова