Не носам брендови за да не го оштетам семејниот буџет: Пендаровски за модата

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски за себеси вели дека не е моден фанатик и никогаш не бил роб на брендовите. 

„ Не сум моден фанатик, но се трудам да изгледам средено, пред сѐ заради моите работни ангажмани во изминатите години. Многу ретко сам ги одбирам парчињата облека, но во најголем број случаи ги слушам советите на мојата сопруга, која на тој план е далеку поверзирана од мене“, изјави Пендаровски во интервју за Женски магазин.

Тој признава дека кога облеката е во прашање, знае да биде и штедлив. 

„ Никогаш не сум бил роб на брендовите, ако некогаш и носам производ од попозната марка, тоа мора да биде по пристапна цена, што нема да го оптовари семејниот буџет“, додаде Претседателот. 

За својот младешки изглед, тој вели дека е заслужна генетиката. 

Немам посебни трикови за убавина, мојот изглед се должи на генетиката и на релативно умерениот начин на живот. Никогаш во животот не сум пушел, алкохол пијам ретко и во мали количини, и тоа исклучиво кога сум во друштво“, раскажа Пендаровски. За сопругата Елизабета, која е девет години помлада од него, тој вели дека му е најголемата поддршка у секогаш верувал дека мажот и жената треба да се апсолутно рамноправни во бракот. За синот Огнен кој е средношколец, Пендаровски ни раскажа дека го охрабрува самостојно да ги носи одлуките.