Не открива ништо, а хипнотизира: Александра Пријовиќ во миди фустан кој е синоним за одмерен сексапил (ФОТО)
Пејачката одржа настап на Златибор, а за посебна пригода облече многу секси и одмерен фустан/
Пејачката Александра Пријовиќ настапи на Златибор по долга пауза поради пандемијата на коронавирус. Бидејќи ова беше посебен ден за неа, таа реши да облече секси стајлинг кој ќе привлекува внимание и ќе се памети долго време.
Сопругата на Филип Живојиновиќ и мајката на малиот Александар, се одлучи за миди фустан кој не открива многу, но остава впечаток и хипнотизира.
Модел со долги ракави, без деколте и должина до глуждовите, но со посебен детал во форма на исечок веднаш над стомакот. Покрај тоа, фустанот остава впечаток на „проѕирен“, иако не открива ништо!
Пејачката со себе носеше сандали со високи потпетици, како и големи обетки, а косата ја собра.
G.G./ATAImages
Нејзиниот сопруг Филип ја бодреше од публиката, а еве како изгледа фустанот на Александра за првиот настап по паузата:
фото:instagram
извор:GLOSSY