„Не сакам моите синови да се разбудат едно утро и да дознаат дека нивната мајка се предозирала“: Блиските на Бритни загрижени дека може да почине

Добивај вести на Viber

И додека јавноста со цело срце навиваше Бритни Спирс да се ослободи од старателството на нејзиниот татко и конечно да започне самостоен живот со среќа и стабилност, се чини дека претходните 18 месеци беа многу предизвикувачки за пејачката. Имено, од ноември 2021 година, кога судската одлука го укина 13-годишниот договор со кој нејзиниот татко имал целосна контрола врз нејзините финансиски и лични работи, Бритни го документираше својот нов живот. Но, во исто време таа често споделуваше прилично бизарни снимки и фотографии кои доведоа до стравувања дека славната 41-годишна пејачка сѐ уште минува низ бројни психички проблеми.

Денес Бритни се наоѓа во крајно опасна ситуација. Ми рекоа дека продолжила да се дрогира - некои од нејзиното семејство тврдат дека таа сега е зависна од кристал мет, дериват на кокаин кој предизвикува голема зависност и стана познат во хит ТВ серијата „Breaking Bad“, пишува новинарката Дафне Барак во својата колумна за „Дејл“ и додаде:

-Откако поминав девет месеци работејќи со целото семејство Спирс - родителите на Бритни, нејзиниот брат, нејзиниот поранешен сопруг и нејзините деца - за нов документарен филм, жал ми е што можам да кажам дека ситуацијата е многу повознемирувачка отколку што изгледа.

Исто така вознемирен е и поранешниот сопруг на Бритни кој изјави:

-Не сакам моите синови да се разбудат едно утро и да дознаат дека нивната мајка се предозирала. Се плашам дека е на мета, се молев некој да го објави тоа и таа да пукне. Страшно е. Таа е мајка на моите момчиња“, ми рече Кевин Федерлајн, нејзиниот поранешен сопруг со кој има два сина.

Нејзините синови Престон (17) и Џејден (16) одбиваат да се сретнат со нивната мајка, тврдејќи дека виделе како носи дрога во нејзиниот дом.


Фото:БритниСпирс/Инстаграм