Не се срами да облече исто парче двапати: Кралицата Летиција во фустан кој го носеше пред 15 години
На крштевањето на нејзината ќерка Леонор, кралицата имаше пудреста креација на закопчување, но сето ова време ја чувала во плакарот и сега повторно ја облекува, што не е ништо чудно бидејќи дамата од дворот е голем фаворит на одржлив дизајн.
Креацијата е всушност хибрид на палто и фустан, идеален за јавни настани од членови на високото општество.
Кралицата Летиција е една од модните икони чија гардероба е заснована на едноставни, деловни комбинации во разни бои.
Таа носеше пастелно розова облека на крштевањето на нејзината ќерка принцезата Леонор, пред 15 години, и повторно ја избра истата пред неколку дена, за воена церемонија.
Шпанската кралица Летиција има голем број нежни тонови во нејзината гардероба, како и чевли со ремени и потпетици.
Нејзините креации се често монохроматски, но со интересни текстури.
Фото: Инстаграм официјален профил Кралица Летиција
Без грешка: Кралицата Летиција во комбинација инспирирана од војвотката Кејт Мидлтон