Актуелно // Жолта минута
„Не спиев ни два часа, тој е најдобриот човек на светот: Фудбалерот ја запроси пејачката Тамара Милутиновиќ
- 09 Февруари, 2023
Фудбалерот Дарко Јевтиќ ја запроси српската пејачка Тамара Милутиновиќ на неговата роденденска прослава.
Имено, настанот се случил затоа што Тамара сакала да го изненади своето момче со роденденска забава, сепак, фудбалерот знаела за нејзиниот план и сметал дека тоа е идеална можност да ја запроси.
Тамара Милутиновиќ за прв пат проговори за медиумите, откако стана вереница на Дарко.
-Не спиевме два часа, двајцата сме во шок. Тоа беше најпосебниот момент во мојот живот досега. Се спремав цела вечер за да го изненадам, но всушност се случи спротивното, бидејќи ме собори од нозе. Му кажав „да“ на најдобриот човек на светот – изјавила Тамара за српски Курир.