Не треба премногу да се трудите за успешен брак

За да успее бракот, треба да се вложува во него, но при тоа не треба да се претерува, советуваат психолозите. 

Треба да ги препознаете потребите на вашиот партнер или едноставно да го прашате и да му го понудите она што навистина му е потребно од вас. Се разбира, и тој  треба да го стори истото за вас.

Ако сте во врска со емотивно незрела личност, таа ќе очекува сè да правите вие. 

Компромисот е клучот за среќна врска. Ако некој сака да ве види, ќе пронајде време да ве вклопи во својот распоред. Доколку вие наоѓате време, а вашиот партнер не, тоа значи дека тоа не му е доволно важно.

Ако некој не сака да вложи труд во вашиот однос, нема да сака да ве запознае со неговите или нејзините важни личности во животот. Нема да поминувате време со родителите, пријателите и роднините на вашиот партнер.