Не трошете пари на прескапи бели јајца: Избелете ги сами за 15 минути и спречете нивно пукање (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пред прагот е најголемиот христијански празник Велигден, за кој постои еден од најубавите обичаи - бојадисување јајца. А за да може јајцето да биде подготвено за некои од најпребирливите техники за боење и украсување, треба да го избелите. Можете лесно да го направите ова со овој наш совет. 

Нема потреба да трошите пари и да купувате скапи бели јајца. Оваа година направете му услуга на вашиот паричник и сами избелете ги со помош на трикот на блогерката Марина Малиновиќ која стои зад профилот uradi.sama.mama. Но, внимавајте на еден детаљ за да не ви пукнат јајцата!

Потребни ви се:

- живи јајца

- 500 мл вода:

- 150 мл оцет

- малку сол

Варете ги во овие состојки 15 минути од моментот на вриење на тивок оган и задолжително отстранете ја пената што ќе се појави. Кога ќе поминат 15 минути, со сунѓер лесно отстранете ја преостанатата боја од јајцата под млаз ладна вода. Јајцето ќе изгледа побело кога ќе се исуши и олади.

Овие јајца може дополнително да се бојадисаат со боја која не треба да се загрева, како за техниката декупаж, или едноставно можете да цртате со фломастер или налепници. 

Овие мерки зависат од тенџерето и количината на јајцата, доколку ви треба поголема количина зголемете ја мерката еднаш до два пати. Држете се до рецептот и не претерувајте со количината на оцет, бидејќи ако ставите премногу, лушпата ќе се разреди и јајцата може да испукаат.

Целиот процес на избелување погледнете го во видеото:

View this post on Instagram

A post shared by Marina, DIY mama Balkan (@uradi.sama.mama)


Најубавите техники за вапцување јајца: Овие трикови го полудеа цел Интернет (ВИДЕО)