Најубавите техники за вапцување јајца: Овие трикови го полудеа цел Интернет (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Секоја година за Велигден фантазираме за различни украси и уникатни дезени на велигденските јајца.

Има многу идеи на интернет, а ние ви откриваме 5 начини за украсување на велигденските јајца.


1. Јајцата украсете ги со најлонскафолијасотопчињакоипукаат

Сварете го и обојте го јајцето во саканата боја. На фолијата за крцкање намачкајте густа боја за јајца, но во различна боја.

За овој трик, можете да користите и природни бои за јајца направени од куркума или цвекло. Јајцето завиткајте го со обоена фолија, нежно притиснете ја фолијата со раце за убаво да се оцртаат шарите. Јајцето не го тријте со фолија, туку само залепете ја фолијата на јајцето. По неколку минути, одвиткајте го јајцето и оставете го да се исуши.

Целата процедура погледнете ја во видеото, кликнете на 4 минути и 29 секунди.


2. Шарање со алуминиумска фолија

Нанесете пет различни бои, една под друга, на алуминиумската фолија со четка.

Намачканата фолија стуткајте ја и одвиткајте ја. Завиткајте го тврдо варено јајце во обоена фолија и оставете го да отстои неколку минути.Одвиткајте го јајцето и ќе добиете интересни дезени во различни нијанси.

Целата процедура погледнете ја во видеото, кликнете на 5 минути и 3 секунди.


3. Трик со лепак

Нанесете слоеви лепак на вареното јајце со пиштол за лепило за да направите уникатна шара.На овој начин можете да го фарете јајцето, да цртате на него или да пишувате букви.Јајцето на кое сте го нанеле лепилото ставете го во бојата за јајца и оставете го да отстои 15 до 30 минути, во зависност од тоа каква нијанса сакате.

Кога јајцето е обоено, отстранете ги слоевите лепило и ќе добиете интересно шарено велигденско јајце.

Целата процедура погледнете ја во видеото во 2:00 минути.


4. Трик со мали пердуви

Варените јајца може да се премачкаат со лепак или белка и да им се залепи мало пердувче, овде не ви се потребни бои, доволна е уникатноста и убавината на пердувот. Целата процедура може да ја видете во видеото во 08 минута и 02 секунди.


5. Трик со самолеплива лента

Врз сварените и избришени со крпа јајца ставете, односно залепете самолеплива лента, а потоа ставете го во боја. Вака добиеното јајце е навистина различно и интересно, совршено за вашата Велигденска трпеза. Целата процедура можете да ја погледнете на почетокот на видеото.  


Повеќе идеи погледнете во видеото:



Фото и Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Декупаж техниката на вапцање јајца: Како да добиете уникатни дезени за само 5 минути (ВИДЕО)

Руска техника на бојадисување јајца: Само на овој начин ќе ги добиете најубавите шари во боите на виножитото (ВИДЕО)

Бојадисување велигденски јајца со ориз: Никогаш побрза, полесна и поубава техника (ВИДЕО)