Руска техника на бојадисување јајца: Само на овој начин ќе ги добиете најубавите шари во боите на виножитото (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Идејата ја „позајмивме“ од Русите, чиј метод на ладно бојадисување целосно воодушевува.

За овој начин на фарбање ќе ви требаат бои во кесички, ладна претходно зовриена вода, разладен оцет, неколку салфетки, стапчиња за уши и онолку гумени ленти за тегли/ластици колку што бојадисувате јајца.

Сварете ги јајцата на вообичаен начин и оставете ги целосно да се изладат. Потоа во секоја чаша ставете по една кесичка боја за јајца. Истурете една лажица ладна вода и додадете една лажица изладен оцет, а потоа измешајте ја содржината на секоја чаша за убаво да се раствори бојата.

Секое јајце посебно завиткајте го во салфетка (ако се повеќеслојни, одвојте ги слоевите салфетка и употребете по еден слој за едно јајце). Одозгора врзете со ластик па натопете го памукот од стапчето за уши во бојата и нанесете на јајцето од едната, па од другата, третата…

Кога ќе ги бојадисате сите јајца, оставете да се исушат 15 минути. Потоа одвиткајте ја салфетката. Вашите феноменални велигденски јајца се готови!

Деталната подготовка погледнете ја во видеото подолу:


Може да погледнете и:

Бојадисување велигденски јајца со ориз: Никогаш побрза, полесна и поубава техника (ВИДЕО)

Омбре велигденски јајца: Техниката им успева на сите, а постапката е едноставна (ВИДЕО)

Фарбање јајца со салфетки: Само на овој начин ќе ги добиете најубавите мермерни шари (ВИДЕО)