Животна училница // Приказни
Омбре велигденски јајца: Техниката им успева на сите, а постапката е едноставна (ВИДЕО)
Домаќинките полека се подготвуваат за бојадисување јајца и Велигден, но се обидуваат да испробаат и нова техника на фарбање за да ги направат нивните јајца што пооригинални.
И додека барате техника на фарбање за да ја разубавите вашата велигденска трпеза, ви предлагаме да направите омбре јајца.
Оваа техника е многу популарна во последните години и претставува прелевање на една иста боја во неколку нијанси. Иако изгледа комплицирано, процедурата е всушност многу едноставна.
Се што ви треба е малку трпение. А за самата техника потребни ви се: јајца, боја по ваш избор, оцет, чаша, пластичен затворач, топла вода.
Погледнете ја целата постапка во видеото подолу:Фото: Printscreen You Tube FamilyFun magazine
За гламурозни јајца на празничната трпеза: Како да ги направите златни или сребрени (ВИДЕО)