За гламурозни јајца на празничната трпеза: Како да ги направите златни или сребрени (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Постојано бараме нови начини и техники за бојадисување и украсување на велигденските јајца, овие два начина се нешто ново и воодушевувачко.

Замислете полни чинии со златни и сребрени велигденски јајца? Тоа е најгламурозниот детаљ од празничната трпеза!

Еве како да направите сребрено јајце:

Потребно е: варено јајце, алуминиумска фолија, белки или органски лепак.

Начин на подготовка: Сварете ги и изладете ги јајцата. Исечете мали парчиња алуминиумска фолија. Во посебен сад, лесно изматете ги белките или користете лепак направен од брашно. Изматете го јајцето со белка од јајце или лепак со мека четка, а потоа залепете ја фолијата. Исушете ги и ставете ги јајцата на маса во кошница. Не може да биде поедноставно!


Златни јајца:

Потребно е: варени јајца (кафеави), течна боја на јајца.

Начин на подготовка: Добро измијте ги јајцата со сунѓер и детергент за миење садови. Потоа сварете ги во солена вода. Кога ќе се изладат, добро исушете ги. Ставете ја течната, златна боја на јајца на вашите дланки и превртете го јајцето меѓу дланките едно по едноза да добиете доволно златна боја. Направете го тоа двапати, за да ја направите бојата „поживописна“.



Фото и Видео: Youtube

Moжеби ќе ве интересира:

25 начини на украсување јајца: Нереални шари добиени на едноставен начин! (ВИДЕО)

Топ 3 совети за велигденски јајца: Како да не ви распука лушпата, како да ги избелите јајцата и како да знаете дали се свежи?

Со само една намирница ќе добиете раскошно зелена боја за велигденските јајца: Резултатот ќе ве воодушеви