Не вели му на детето дека Дедо Мраз не постои: Текст кој секој родител мора да го прочита

Да се биде Дедо Мраз не значи добивање на пофалби, тоа е несебична желба за да се подари нешто...

Наставничка по историја во Тексас, Лесли Раш, пишуваше на кој начинот во нејзиното семејство со генерации ја зборуваат вистината за Дедо Мраз.

„Кога детето ќе наполни пет или шест, а ги забележите неговите први сомнежи за постоењето на Дедо Мраз - тогаш е подготвено.

Јас обично ги носам во кафуле, порачувам нешто и ја започнувам приказната: „Оваа година навистина порасна многу. И не само што порасна, туку гледам дека и срцето ти е поголемо. Сега порасна доволно за да можеш и сам да станеш Дедо Мраз.

Веќе забележа дека повеќето Дедо Мразовци што ги имаш виделе се луѓе кои само се маскирале во него. Некои од вашите пријатели можеби ти кажале дека тој воопшто не постои.

Многу деца мислат така, бидејќи сè уште не се подготвени да станат Дедо Мраз. Но, ти си подготвен“.

(Бидете сигурни дека вашиот глас е мистериозен).

Замолете го детето да избере личност, на пример сосед. Мисијата на детето е тајно да открие што му треба на тој човек и да му го набави, да го завитка во украсна хартија и да го достави.

И никогаш да не дознае дека тој го сторил тоа. Да се ​​биде Дедо Мраз не значи добивање пофалби - тоа е несебична желба да се подари.

Така мојот постар син ја одбра „тетка вештерка“, која живееше на аголот. Жената навистина изгледаше страшно, плевел растеше околу нејзината куќа и никогаш не дозволуваше децата да си играат пред нејзината куќа. Честопати им викаше, да бидат потивки и слично.

На пат кон училиште, синот забележал дека секое утро излегува на терасата да земе весник - боса, и тој решил дека и требаат влечки. Требаше само со шпионирање да ја одреди барем приближната големина на чевлите.

Кога ги купивме топлите влечки, тој ги спакува и залепи „Среќен Божиќ, од Дедо Мраз“. Една вечер по вечерата, тој се упати кон нејзината куќа и го остави 

Следното утро гледавме како таа излезе на тремот, го зеде пакетот и влезе во куќата. Мојот син беше преплавен од возбуда и желба да знае што ќе се случи понатаму.

Следното утро ја видовме како ја зема пошта, во топли влечки. Синот беше во еуфорија. Морав да го потсетам дека НИКОЈ никогаш не смееше да знае дека е тој, инаку тој повеќе нема да биде Дедо Мраз.

Во текот на следните неколку години, тој избра многу луѓе на кои им подари по нешто и секогаш избираше посебен подарок, токму за нив.

Една година, тој темелно го исчисти својот велосипед и го даде на ќерката на еден наш пријател. Овие луѓе беа многу сиромашни. Го прашавме таткото на девојчето дали е во ред.

Изразот на лицето на девојчето, кога го виде велосипедот пред нејзината куќа, може да се спореди со радоста на лицето на мојот син.

Кога дојде време да го направам сето ова со помладиот син, постариот сакаше да разговара со него сам. Денес и двајцата се прекрасни „хуманитарци“ и никогаш не се чувствувале измамени.

Затоа што им ја откривме тајната за тоа како да станете Дедо Мраз “.