Неда Украден жари и пали во бикини: Пејачката во осмата деценија изгледа неверојатно

Добивај вести на Viber

Пејачката Неда Украден ги изненади сите следбеници со предизвикувачки фотографии

За пејачката Неда Украден многумина велат дека времето застанало и дека со години не се менува. Нејзиниот здрав начин на живот и овозможува виталност и добар изглед, а сега се појавија фотографии кои предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.

Имено, Неда Украден објави серија фотографии од одморот во костим за капење, а нејзините следбеници го забележаа нејзиното извајно тело, а жените беа воодушевени и љубопитни како успева во тоа.

Пејачката уживала во кафуле во Которскиот залив, по што одморот го продолжила на јахта од каде објавила уште една фотографија.

View this post on Instagram

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)


- Конечно одмор. Бока - напиша Неда и предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

„Многу девојки треба да се срамат од себе“, „Жениште“, „Изгледаш убаво“, „Со годините не старееш“, „Браво за твојот изглед“, ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Познатата пејачка Неда Украден овој август ќе го прослави својот 74 роденден, но тоа секако не ја кочи во работите кои ги правела кога била помлада! Напротив, нејзиното работно темпо и понатаму е исклучително интензивно, исто како и во претходните периоди. Таа сега тврди дека секогаш постои можност за нов брак и љубов, но дека по секоја цена не бара партнер за себе.

- Најубавите години ги поминав со мојот покоен сопруг. Ја добивме ќерката Јелена и таа е можеби главната причина што не сакав повторно да одам до олтарот, иако многумина ме молеа. Не жалам што не се омажив по втор пат. Подобро е да бидам сама отколку да бидам со некој што ми се гади и кој ми создава киселина во стомакот, така да – брак  не мора по секоја цена – изјавила пејачката во едно интервју.


Фото: Инстаграм - Неда Украден