Неделен хороскоп 13-19 ноември: Шкорпијата пред голема одлука, Лавот шармира колешка, а овој знак прави сѐ за да добие пари

Добивај вести на Viber

Неделниот хороскоп 13-19 ноември вели дека Близнаците треба да бидат внимателни со парите, додека Девицата повторно се поврзува со стара љубов

Овен

Работа: За повеќето типични Овни, проблемот и неделава би можел да биде организацијата, затоа бидете трпеливи и флексибилни колку што е можно повеќе.

Љубов: Многу време и енергија ќе ви одземе деловниот сегмент, па љубовната сфера некако ќе биде во втор план.

Здравје: Можна главоболка.

Бик

Работа: Покрај сегашните, можно е неделава да ве чекаат и пар заостанати обрски, кои мора да ги решите поради роковите.

Љубов: Конкретен директен разговор со драга личност може да ви донесе решение за важно прашање деновиве.

Здравје: Пазете се од настинки.

Близнаци

Работа: Близнаци, треба да бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции. Консултирајте се со некој поискусен, можеби ќе ви треба совет.

Љубов: На полето на љубовните врски, деновиве не би било паметно да зборувате за некои теми од минатото, оставете ги за поповолен момент.

Здравје: Спијте доволно.

Рак

Работа: Раковите денеска ќе имаат полни раце работа. Нема голема работа, поставете приоритет и не треба да имате големи одложувања.

Љубов: Доколку не успеете да ја контролирате зголемената нервоза поради вишокот информации во вашата глава, тогаш најдобро би било овие неколку дена да и го препуштите на другата страна во љубовната сфера.

Здравје: Нема значајни предупредувања.


Следна страна