Неделен хороскоп од 2 до 9 август: Летото тукушто почнува за овие знаци
Овен
Во следните неколку дена ќе се случува постепено подобрување на состојбите во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат отворени со вас, а и обратно. Многумина ќе ја освежат својата врска, така што ќе излезат на убаво место. Тие што се сами ќе се разбудат од зимски сон и ќе излезат од дома. Работните задолженија и планови ќе ви се остваруваат полесно, особено зашто тоа што го чекавте од другите, конечно се заврши. Тоа ќе даде појасни насоки кон кои треба да ја насочите работната енергија.
Бик
Во првата половина на оваа недела треба да ги завршите сите обврски поврзани со приватниот живот. Во втората половина на оваа недела сконцентрирајте се на работата. Ќе видите дека финансиската состојба ќе биде подобро и оти нема да бидете толку под стрес поради пари. Конечно почнува се да се движи со темпото што се очекуваше.
Близнаци
Добро се чувствувате. Конечно се оди на начинот на кој што планиравте. Насочени сте кон кон себе. Некоја личност од минатото може да се врати во вашиот живот. Сега е време да се расчистите конечно со неа, и да сфатите дали сакате да продолжите понатаму. Женска личност што ви е многу блиска не сака директно да ви каже за некои работи што и пречат кај вас.
Рак
Оваа недела ќе бидете понервозни од вообичаеното. Вие не сакате да се дружите премногу со другите. Несакате гужви. Оваа недела не е добра за да започнете нешто на работа, туку да завршите. Ќе бидете напнати кон средината на неделата поради партнерот. Вие сте страствени. Не покажувате премногу љубомора. Имате тенденција да флертувате, ако сте слободни.