Неделен хороскоп од 25 до 30 декември: Близнаците ќе бидат нервозни, а овој знак ќе доживее сериозна криза во љубовта
Доколку ве
интересира како ќе ви изгледа неделата, вие сте на вистинското место. Еве што
ве очекува, барем ако се прашуваат ѕвездите.
ОВЕН
Љубов: Се соочувате со проблем на емоционално недоразбирање. Партнерот упорно ги брани своите ставови за заедничките приоритети.
Работа: Оставете ги другите да се оптоваруваат со работи кои не носат позитивни.
Здравје: Избегнувајте стресни ситуации кои ве вознемируваат.
БИК
Љубов: Доколку сте незадоволни од вашата емотивна или брачна состојба, слободно преземете иницијатива пред блиска личност.
Работа: Имате впечаток дека некој ви успорува или ги попречува вашите деловни цели. Барате начин да го подобрите вашето расположение и концентрација.
Здравје: Планирајте состанок или омилена забава, како повод за добро расположение.
БЛИЗНАЦИ
Љубов: Забележувате дека саканата личност има некои тајни планови, што дополнително влијае на вашата нервоза или чувство на недоверба.
Работа: Имате добра можност да завршите некои стари деловни обврски, како и да ја дефинирате својата улога пред колегите.
Здравје: Добро проценете ги вашите лични можности, избегнувајте претерување.
РАК
Љубов: Не дозволувајте некој да ве предизвикува или критикува без соодветна причина. На партнерот му недостигаат докази за обвинението.
Работа: Треба да се вклучите во решавање на деловните проблеми, но не по цена на раскинување на договорот за соработка.
Здравје: Направете нешто за подобро расположение.
ЛАВ
Љубов: Обидете се да бидете доволно шармантни пред личност која ги тестира вашите духовни квалитети и лични способности.
Работа: Кога се среќавате со соработниците, подобро е да се фокусирате на моменталната ситуација отколку да се занимавате со далечни прогнози.
Здравје: Ќе уживате во витаминска исхрана и повеќе течности.
ДЕВИЦА
Љубов: Понекогаш не е важно што зборувате, туку она што го чувствувате. Не можете да ја контролирате вашата емотивна реакција околу некого.
Работа: Важно е да и верувате на вашата интуиција, но и да прифатите корисни совети. За да се претставите како голем експерт, толерирате нечија критика.
Здравје: Внимавајте на поправилен начин на исхрана, консумирајте повеќе течности.
ВАГА
Љубов: Не добивате емоционална поддршка. Не го доведувајте во заблуда партнерот со погрешна приказна, претерано ги нагласувате драматичните ефекти.
Работа: Имате лошо чувство, но некој ве убедува да продолжите со плановите што сте ги започнале. Важно е да се направи разлика помеѓу морална и физичка храброст.
Здравје: Треба да ја подобрите концентрацијата.
СКОРПИЈА
Љубов: Планирајте средба со саканата личност. Некој ве поттикнува да бидете расположени и послободно да се изразувате.
Работа: Имате можност да завршите работа која ви носи психичко олеснување, но не и материјална корист. Бидете доследни во вашите намери.
Здравје: Ќе уживате во активен одмор и добра нега.
СТРЕЛЕЦ
Љубов: Нема потреба да се гради илузија на емоционална среќа. Посакувате работи што изгледаат далеку од сегашната перспектива.
Бизнис: Важно е да не зборувате премногу за вашите деловни намери. Некој може да ве карактеризира на погрешен начин.
Здравје: Потребна ви е нечија поддршка, опуштете се.
ЈАРЕЦ
Љубов: Поставувате високи стандарди и очекувате премногу од партнерот. Понекогаш реалноста не е толку розова колку што сакате.
Бизнис: Обвинувате погрешна личност за неуспех или разни компликации кои ве забавуваат во деловните планови.
Здравје: Применете една од техниките за психолошка релаксација, ќе се чувствувате подобро.
ВОДОЛИЈА
Љубов: Партнерот добро ги разбира вашите емотивни намери, кои мудро ги премолчувате. Изразот на лицето го открива и вашето расположение.
Работа: Со казнување на другите, непотребно се казнувате себеси. Бидете внимателни, постапките зборуваат погласно од зборовите.
Здравје: Опуштете се во добро друштво, ќе уживате во релаксација.
РИБА
Љубов: Партнерот ги разбира вашите емоционални желби и потреби. Прекрасно се надополнувате во различни ситуации кои ве зближуваат.
Работа: Вие сте еден чекор понапред од другите и вашите резултати ги надминуваат просечните одредници. Потрудете се да остварите заеднички интереси.
Здравје: Ќе уживате во дополнителна активност и поминување време во природа.
Фото: