Неделен хороскоп од 8 до 12 јануари: Лавовите ги прогонува минатото, Близнаците да си обрнат внимание на себе
Овен
До крајот на неделата внимавајте на можните аспекти на расправии со партнерот и со луѓе кои ви
се важни во бизнисот. Марс е незгодно поставен, што ви создава чувство на
напнатост. Здравјето ви е одлично.
Бик
Се однесувате тврдоглаво
кон луѓето со кои сте емотивно блиски и тоа негативно се одразува на вашата
деловна страна од животот. Пазете се од двојни пријателства бидејќи тоа може да
биде контрапродуктивно.
Близнаци
Оваа недела е идеална да
се свртите кон себе и кон вашите желби и потреби. Не е страшно да се биде малку
поегоцентричен и никој нема да ве обвини за тоа. Особено е важно да се гледате
со пријателите на кои им е потребна вашата помош.
Рак
До крајот на неделата
грижете се за
евентуалните уцени од партнерот. Врската ви е проблематична веќе некое време и
не сакате да си признаете. Љубовната приказна мора да се започне некако поради
вашите емоции.
Лав
Во следните неколку дена
ќе бидете преоптоварени со работи од минатото, особено кога се во прашање
парите и деловната соработка во странство. Пазете се од ненадејни одлуки кои
можат да бидат поврзани со емоции и планови на партнерот за иднината.
Девица
Неделава ќе бидете
фокусирани на себе и на се што сте планирале неколку дена однапред. Обидете се
да најдете доволно сила во себе да не им се спротивставувате на саканите,
особено кога станува збор за нивните желби. Здравјето ви е стабилно.
Вага
Ситуацијата во
семејството е стабилизирана бидејќи вие сте личноста која започнува и завршува
се. Многу зависи од вас, но обидете се да не барате премногу од себе во
наредниот период за да ги зачувате емоциите и вашето здравје.
Шкорпија
Почетокот на денот ќе
биде под големо влијание на другите луѓе и нивната желба да научат што повеќе
за вашите деловни планови. Најдете начин да го скриете и задржете ги сите ваши
планови за себе. Можни проблеми со 'рбетот.
Стрелец
Личноста под знакот Овен
ви претставува голема деловна пречка, а веќе некое време размислувате како да
воспоставите контакт со оваа личност и на кој начин да ја придобиете. Емоциите
се во втор план, на кои вашиот партнер многу ќе ви замери.
Јарец
До крајот на неделата, барајте начин да се грижите за
вашите цели, особено кога станува збор за работните и деловните аспекти. Пазете
се од ненадејни реакции кога се во прашање односите со децата или семејството
бидејќи секој си го бара своето и не ги почитува вашите одлуки.
Водолија
Ќе бидете многу
нерасположени доколку не решите некои работи од минатото, ова најмногу се
однесува на вас и вашите емотивни врски, особено кога се работи за партнерскиот
однос и неговите планови за иднината. Обрнете внимание на можните парични
проблеми поради други луѓе.
Риба
Во наредниот период од
вас се очекува многу повеќе кога се во прашање односите на работа и односите со
луѓето со кои секојдневно се опкружувате. Деловната ситуација ќе биде
постабилна и подобра во моментот кога ќе преземете многу поголем товар.