Нега на лице во летните месеци: Задолжителни совети за здрава и сјајна кожа

Добивај вести на Viber

Летото не е најдобриот период за кожата, затоа што бара дополнителна грижа со цел да се зачува нејзината природна убавина. Постојат многу совети за нега на кожата во текот на летото кои можат да ви помогнат да го одржите нејзиниот природен сјај.

Потемнетиот тен, прекумерното потење и сувата кожа се само некои од најчестите состојби што можеме да ги видиме на кожата во текот на летото. Високите температури и честата изложеност на кожата на УВ зраци во текот на летото ја сушат кожата и влијаат на нејзиното забрзано стареење, и предизвикуваат повеќе проблеми од вообичаеното. Ако не се грижите соодветно за Вашата кожа, шансите дека ќе бидете жртва на сува и груба кожа на крајот на летото се повеќе од сигурни. 

Негата на лицето и телото во текот на летото значи, меѓу другото, прилагодување на вашата редовна дневна рутина на надворешните услови. Затоа, изберете производи кои ќе овозможат доволно хидратација, а да бидат прилагодени на Вашата кожа.

Ви предлагаме три различни третмани од ординација „Д-р Анчевски“ за кои кожата ќе ви биде благодарна.

1. Мезотерапија

Мезотерапијaта е примена на хијалуронска киселина, витамини,  антиоксиданти, колаген и сл. за подмладување на кожата на  лицето, вратот и деколтето. Целта на мезотерапијата е да се зголеми активноста на фибробластите за да се создаде поголема концентрација на колаген и еластин како и потполна ресорпција на активни супстанции кои помагаат полесно да се регенерира и обнови кожата. 

Ефектот е видлив после првиот третман, а по серија на третмани со мезотерапија, кожата на лицето се измазнува, затегнува и ревитализира. Станува блескава и добива соодветна хидрираност. Се нанесува на лицето, деколтето, вратот, на рацете и телото. 

Мезотерапија со хијалуронска киселина: Се користи за превенција од натамошно опуштање на кожата, за активна хидратација, затегање и измазнување на кожата на лицето, вратот, деколтето, рацете. Хијалуронската киселина има мошне хидрирачка активност, една молекула киселина привлекува во подкожното ткиво 1000 молекули вода. Покрај тоа помага во процесот на колагенезата и биоревитализацијата. Како продукт преставува готова инјекциона форма од 1 мл раствор во облик на гел, кој што е доволен за апликација при една процедура на лицето.

Колагенска мезотерапија: Колагенот се внесува во кожата по пат на инjeктирање, притоа механички го реструктуира ткивото и на тој начин ги измазнува брчките. Може да се користи кај млади жени како профилакса, додека кај зрела кожа за подобрување на структурата и затегнување на кожата. Препаратот се нанесува два пати неделно, во период од 4 до 5 недели, т.е. од 8 до 10 процедури. 

Мезотерапија со витамини и микроелементи: Со мезотерапијата може да се внесуваат мултивитамини како     што се Вит А, Вит. Б, Вит Е, хијалуронска к-на, есенцијални   аминои к-ни итн. Се користат готови форми или припремени   коктели. Неопходни се 4 до 6 процедури, кои се спроведуваат еднаш неделно. Дава одлични резултати кај млади жени и мажи, или како комбинирана терапија кај зрела кожа. 

2. Кристален пилинг (микродермоабразија)

Со кристалниот пилинг се постигнува отварање на запушените пори со што кожата полесно дише, стимулација на циркулацијата, регенерација и поттикнување на природните фукнции на кожата и клеточно обновување. Со третманот на микродермоабразија добиваме мазна и сјајна кожа преку обновување на колагенот и еластинот.

Микродермоабразијата се применува за одржување на виталноста на кожата на лицето и вратот, чистење на мрсна кожа полна митисери, чистење на кожа со акни, освежување на сува кожа, третирање на површини до средно длабоки бори, третирање на лузни од акни и хиперпигментации.

После темелно чистење на лицето, со помош на сонда се нанесуваат кристали кои со голема брзина удираат врз кожата. Времетрањето на еден третман на лице е 10-15 минути, лице и врат 20 минути, а ако третираме поголема регија потребни се 30 минути. Кожата треба добро да се хидрира со соодветни препарати.

3. Clearlift

ClearLift 4D  Хармони  е не-аблативен ласерски третман  кој  користи исклучително моќна Nd yag– пиксел технологија . Иновативната технологија обезбедува контролирана кожна рана односно се создаваат микроскопски дупки  со зрак кој е краток и трае нано секунди. Ласерскиот зрак поделен во повеќе фракции продира длабоко во кожата, а кожата се регенерира без на површината да постои  апсолутно  никакви видливи нус ефекти дури ни благо црвенило ниту други видливи траги.  

Со третманот се намалува појавата на фини линии и брчки , стимулира  нов колаген и допринесува да се исчитат  несаканата пигментација и црвенило. Сите фази на репарирање  на кожата се случуваат  под непроменет епидермис, надворешниот слој на кожата останува неоштетен. Иако моќен , ласерскиот третман е доволно нежен и безбеден за да може да се употреби  за третирање  на регии кои обично се премногу  чувствителни за третирање  со традиционалните аблативни ласери, како што се на тенка кожа околу очите, вратот, устата и градите.

Хармони  Clearlift е голем хит светот, а се користи во ординацијата ”Др. Анчевски”.

Овие третмани Ве прават да блескате од свежина, кожата е подмладена а овој незаборавен впечаток трае во наредните месеци.