НЕЈЗИНИТЕ ПОСЛЕДНИ ЗБОРОВИ ОСТАНУВААТ ОБВИЕНИ СО МИСТЕРИЈА: Годишнина од смртта на „народната принцеза“ Лејди Ди
Поранешната принцеза од Велс, принцезата Дијана, го загуби животот во сообраќајна несреќа во париски тунел на 31 август 1997 година.
Поранешната сопруга на сегашниот крал Чарлс тогаш се обидувала да побегне од папараците со својот партнер Доди Ал Фајед, познат плејбој и милионер, и двајцата тогаш биле убиени заедно со возачот Анри Пол.
Минатата година на денот на годишнината изјава за медиумите даде Ксавиер Гурмело, еден од првите луѓе на местото на несреќата, кој истакна дека не знаел дека жената на која се обидел да и помогне на тоа моментот беше всушност принцезата Дијана.
„Таа на англиски рече: „О, Боже, што се случи?“, се сеќава тој. „Можев да го разберам тоа, па се обидов да ја смирам, ја фатив за рака“.
Сè уште има многу шпекулации околу смртта на принцезата Дијана. Некои тврдат дека се било наместено и испланирано, додека официјалните информации се дека се работи за несреќен случај.
Подетално на Фактор тука.