Некогаш бринета, сега блондинка: Федерика Могерини има одличен моден стил
Федерика Могерини е една од најмодерните европски политичарки. Таа е висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Вчера дојде во Скопје како голем поддржувач на Македонија за членство во Европската унија.
(Фото-МИА)
Италијанската политичарка прошета низ скопската чаршија, а имаше и средба со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
(Фото-МИА)
За ваквата посета таа избра бел костим со прекрасен крој на сакото и здолништето. Изгледот го надополнуваа црни сандали со сребрерни детали кои совршено одговараа на едноставното ланче и филигранската пеперутка која Могерини ја доби како подарок при прошетката низ Старата чаршија.
Федерика е италијанска политичарка родена во Рим, Италија на 16 јуни 1973 година. По образование е дипломиран политиколг. Сопруга е Матео Ребезани со кого има две ќерки, Катерина и Марта.
И ако сега сите ја познаваме како блондинка, Могерини во почетокот на својата политичка кариера била бринета, но секогаш важела за моќна и убава жена.