Судбински: Двајцата родени на ист ден, подоцна добри пријатели и најдобри во своите професии

Добивај вести на Viber

29 јули е денот кога две наши познати и успешни имиња слават родеднен, музичарот Владимир Блажев – Панчо и кошаркарот Перо Антиќ. Иако Панчо е точно 3 години повозрасен од Перо, сепак по раст е далеку помал. Тој многупати на шега знае да каже дека е помала верзија на Перо. 

Некогаш беа млади и амбициозни, желни за успех, а денес уживаат во сите благодати од трудот вложен во својата кариера.

Се дружат речиси од почетокот на нивните кариери, а денес се добри другари кои постојано се поддржуваат во она што го работат и се радуваат на успесите кои ги постигнуваат.

Перо денес полни 43, а Панчо јубилејни 45 години. Зад себе имаат успешни кариери кои траат децении. 

Честитики пристигнуваат од блиските, пријателите и фановите, а еве и дел од нив:



Среќен роденден!

Р.Ж.М.