Некои мислат дека неверство може да се прости, но психолог тврди: „Сè додека останувате во брак со сопруг кој ве изневерил...“

Добивај вести на Viber

Измамата често е тема или на луѓе кои ја доживеале или на оние кои се плашат од неа. Многумина велат дека има разлика помеѓу емоционалното и физичкото изневерување, а некои истакнуваат дека едното може да се прости, а на другото не. Конечно имаме збор од експерт на оваа тема, а нејзините зборови се отрезнувачки.

Психологот и психотерапевт Жељка Курјачки Станиќ напиша текст на својот Фејсбук профил на оваа тема и на сите им ја реши вечната дилема - дали некогаш навистина може да се прости изневерувањето на партнерот? Нејзиниот текст го препнесуваме во целост.

„Да речеме дека вашето момче или сопруг ве изневерил со друга жена.

И се обидувате да останете во тој брак или врска, да разберете, да простите, да верувате дека нема да се повтори.

Но, секогаш кога ќе ја сретнете таа жена или ќе помислите на неа, се чувствувате несигурни. Некој нож ве прободува низ градите.

И замислувате дека е некаква негативка, изманичка и најлоша.

И си замислувате дека таа не е топло човечко суштество, забавна, интересна, имагинативна, достојна за љубов.

Некои истражувања велат дека трауматското искуство трајно ја менува хемијата на мозокот. Дека промените што се прават се трајни и дека никогаш не можеме да бидеме целосно смирени за трауматичен настан. Дека можеме да станеме релативно спокојни со него, толку многу да не ни се меша во секојдневниот живот. Но, никогаш сосема мирно.

И изневерувањето несомнено може да биде трауматичен настан.

Но!

Сите овие години работата со луѓе ми покажаа дека ова истражување едноставно не е точно.

Таа траума останува во фокусот само ако продолжиме да се чувствуваме загрозени.

Ако предизвикувачите се‘ уште се предизвикувачи за нас.

Се додека остануваме во брак со маж кој не‘ изневерил, ќе се чувствуваме загрозени.

И никогаш нема да бидеме мирни кога ќе ја сретнеме или кога ќе помислиме на таа жена. Секогаш нешто ќе не‘ пресече во гради.

Но, ако решиме да заминеме... И навистина да се тргнеме од таа врска или брак...

Не за да бидеме избркани или оставени, туку да собереме сили и да си одиме и да оставиме се‘!

Каква моќна промена се случува со таа навидум неизлечива траума!

Па, сега можете да ја запознаете таа друга жена и да ве боли уво за неа!

Таа повеќе не ви се заканува на никаков начин.

Можете да се надевате дека е добро човечко суштество, па дури и да се дружите! Би сакале да ја прегрнете затоа што ви помогнала да излезете од лоша врска побрзо отколку што би правеле да не беше таа. Сега можете да го озборувате него или да зборувате за нешто сосема друго и никогаш да не размислувате за него. Веќе имате нешто заедничко!

Траумата трае се‘ додека трае согледаната опасност.

Ако тоа што ви е драго повеќе не ви е загрозено, нема чкрапало и нема опасност.

Траумата не остави никакви трајни промени во мозокот. Таа останува таму се додека има порака за вас. А пораката обично гласи: „Ако една година по тој настан, кога ќе размислите, нож ви ги сече градите, тогаш веќе нема што да барате. Одете си.“, вели Жељка Курјачки Станиќ, психолог и психотерапевт.

A што мислите вие? Дали навистина може да се прости изневерувањето или човек само се убедува дека тоа што се случило со текот на времето ќе боли помалку...?


Фото: unsplash

Извор: Женаблиц

Исповед на жена (35) која го изневерила мажот и така си го спасила бракот: „Тоа е најдоброто нешто што сум го направила, не се каам“