Некои од нив никогаш не би ги препознале: Еве како изгледале познатите балкански личности на својата матурска вечер

Добивај вести на Viber

Ова е период на матурски забави, време кое останува врежано за секогаш. Всушност, пред нивните завидни кариери и успеси, познатите личности „обичните“ луѓе и поминувале низ процесот на школување, со самото тоа и матурирање. Еве како изгледаа некои од нив.

Светлана Ражнатовиќ

Најголемата балканска дива на својот Инстаграм профил сподели слика од матурската вечер на која носела краток розов фустан. Цеца изгледала прекрасно, иако следбениците забележаа дека фустанот е искинат на едно место.

Огњен Амиџиќ

Популарниот водител тогаш изгледал сосема поинаку. Немал брада, а носел црни панталони и темна кошула која била откопчана, а посебен детаљ е марамата на главата која била многу популарна во тоа време.

Софија Милошевиќ

Манекенката неодамна на својот Инстаграм сподели слика како изгледала по завршувањето на осмо одделение. Оттогаш таа прилично се променила, но нејзиниот раст и насмевка остануваат нешто по што е препознатлива.

Снежана Бабиќ - Снеки

Фотографијата е направена кога таа била матурантка. Без разлика на темната боја на косата и кратката фризура, забележливо е дека не се менува.

Саша Поповиќ

На профил на Инстаграм се појави слика од Саша Поповиќ, еден од најмоќните луѓе во српската естрада. Саша тогаш изгледаше многу поинаку. Имаше мустаќи и темна коса. Речиси е непрепознатлив во споредба со денес.


Фото: screenshot/sasapopovic/cecaraznatovic/sneki/facebook/instagram