„Некои претпоставуваа, некои посакуваа“: Јелена Бачиќ Алимпиќ на необичен начин дозна дека ќе стане баба
Водителката и писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ доби преубави вести...
Јелена Бачиќ Алимпиќ неодамна го ожени синот, а сега ја пречекаа преубави вести.
Антонина Алимпиќ, сопругата на Марко Алимпиќ, објави семејна фотографија од Грција со посебен опис и јасно даде до знаење дека е бремена.
„Ние тројца. Некои претпоставуваа, некои посакуваа, а некои знаеја. Сè на сè, сега е време да се јавиме со бебе во стомакот од Грција“ - напиша таа.
Таа објава предизвика бројни позитивни коментари, а гордата баба само кратко им порача: „мои ангели“.
Да потсетиме, Јелена неодамна откри со кои методи се водела кога е воспитувањето и родителството во прашање.
„Навистина се трудев да ги насочам децата правилно, тие се чесни и неверојатно воспитани и сериозни млади луѓе и тие се моја гордост, јас не сум мајка жртва. Можам да кажам дека сум добра мајка и не го зборувам во ова во контекст на жртва, бидејќи мојата мајка тоа постојано го правеше. Целиот живот беше жртва. Јас не сум. Јас ги сакав своите деца, јас ги обожавам.“ - раскажа писателката.
фото: Принтскрин / Инстаграм