Неколку интересни идеи за фарбање на Велгиденски јајца

Добивај вести на Viber

Мора да признаете дека за Велигден сакате ги имате најдобро офарбаните јајца. Тука нема наптпревар, но сигурни сме дека ќе ви годат позитивните коментари и ласкање на вашата креативност кога ќе ги покажете вашите креативни дела.

Во продолжение дознајте на кој начин може да ги украсите

Туфне

Ако сакате вашите јајца да имаат туфни, купете налепници со мали туфници. Важно е налепниците да бидат помали, за да се залепат убаво за јајцето. Јајцето стевете го во боја, откако ќе се избои, отстранете ги налепниците и ќе добиете прекрасно јајце.


Трик со гума за тегли

За да добиете прекрасна шара,  со неколку гумички за тегла „врзете“ ги јајцата. Ставете ги така што ќе направат различни геометриски облици, но и секој дел од јајцето да биде прекриен со гумичка. Ставете ги јајцата во фарба. Кога ќе ги извадете, отстранете ги гумичките. 


Трик со бел восочен молив

Украсете ја лушпата на јајцето со бел восочен молив. Без оглед дали ќе се одлучите за спирали или нешто комплицирано – сигурно ќе изгледа убаво. Во почетокот, вашите цртежи нема да се гледаат, но кога ќе ги ставите во вода  за боја и лушпата ќе се обои и ќе видите како вашите дела полека ќе се покажуваат.