Нема друга болест досега, при боцкање, крвта да не тече низ иглата, вели Филипче
Еден факт кој досега не познат за ниту една болест е тоа што кај ковид пациенти крвта може толку да е згручтена што не може да тече низ игла, изјави синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ 21 министерот Венко Филипче.
„Од друга болест не сме виделе случај крвта да не може да тече низ иглата заради тоа што е толку згрутчена. Тоа во медицината досега е невидено“, рече Филипче.Тој се надоврза на изјавата на д-р Дејан Докиќ, пулмоалерголог кој во емисијата изјави дека вирусот е доста подмолен.
„Секој кој доаѓа до болница, треба да се смета како ризичен, затоа што во принцип имаат ниска сатурација на крв. Тие веднаш мора да се стават на висок проток на кислород. Доколку сатурацијата и натаму паѓа, мора да се стават на неинвазивна вентилација. И тие главно имаат проблеми со респираторниот систем. Друга, пак, група, имаа проблеми со коагулацијата. Настанува коагулација на крвта, оштетување на капиларите насекаде во организмот, пред сè на белите дробови, во срцето. Некои добиваат миокардни инфаркти во мозокот или белодробна емболија. Но, она најстрашното е дисеминирана интраваскуларна коагулација, каде што сите крвни садови се зафатени со коагулими и не може да тече крвта. Кај некои настанува крвавење и завршуваат летално – објасни проф. д-р Докиќ.
Фото: фактор.мк
Можеби ќе ве интересира:
Д-р. Беќаровски: Од лупење по нозете, до опаѓање на косата-Ковид-19 доведува до голем број здравствени проблеми кај излекувани пациенти