Моден фокус // Трендови
Нема врска со модата: Викторија Бекам без влакна на јазик призна зошто секогаш носи очила за сонце
Foto: Profimedia
Заштитен знак на стилот на славната модна дизајнерка се огромни очила за сонце, кои сопругата на Дејвид Бекам ги носи скоро постојано додека е во јавност.
Покрај тоа што дознавме дека Викторија Бекам никогаш не се смее, за што и самата зборуваше, многумина забележаа дека не носи очила за сонце само кога е на црвениот тепих.
Во секоја друга ситуација кога е во јавност, нејзините очи се скриени од темните и големите очила. Причината: темни кругови под очите-подочници.
„Носам очила затоа што, како и повеќето мајки, останувам будна цела ноќ поради моите деца“, објасни Викторија пред неколку години.
Сепак, славната Спајсица додаде дека тоа не е единствената причина.
„Тие кријат многу гревови“, признала таа.