Неочекувани детски прашања за кои возрасните никогаш не размислувале

Добивај вести на Viber

Би било навистина интересно да добиете можност повторно да го видите светот со детски очи.

Децата често учат нови работи, а понекогаш доаѓаат до навистина изненадни заклучоци. Неколку родители ги споделиле најчудните прашања кои нивните деца им ги поставиле.

Што би одговориле вие на некои од нив?

-Кога сирената е повредена, дали оди на лекар или ветеринар?

„Мамо зошто ме направи вака, а не од пластелин?

„Мојот син гледаше албум со црно-бели фотографии и ме праша: Мама, зошто црно-белиот свет е во минатото?

„Зошто постојат лоши зборови ако не можеме да ги користиме“?

„Тато, како се чувствуваше ти последниот ден од твоето детство?

„Дали мајките раѓаат момчиња? Тогаш зошто ни требаат татковци?“

„Мојата ќерка, навредена: Зошто ме грицкаат комарци? Што направив?“

„Како ја викаат Црвенкапа кога ќе ја симне наметката?“

„Мојот син: мама, можеш ли да ми дадеш нешто слатко? Јас: можам. Мојот син: Па што чекаш?“

„Тато како се вика твојата кола?“ Шевролет. А зошто не ја крстиш Ауди?“

„Мамо, дали ќе добијам утешна награда за 8 март?“

„Мамо, имам модринка. Еве допри ја. Чувствуваш ли колку боли?“

„Мамо, зошто ме научи да зборувам и одам, а сега ми кажуваш да седам и молчам“.

„Мамо , кога остариш јас ли треба да ја работам твојата работа?“

„Мамо се плашам да се омажам сама. Ќе го направиш ли ти тоа со мене?“

„ОК, мама, да го разбереме ова - дали сум во право или јас сум виновна?