Неуништлива: Кралицата Елизабета „бега“ од Виндзор во нејзиниот омилен автомобил, а еве каде требаше да биде во тој момент

Кралицата, која носеше темни очила и марала, видена е како се вози низ нејзиниот имот во Виндзор. Таа беше забележана за прв пат откако ноќта ја помина во болница

Никој не може да ја спречи.

Таа беше видена како вози автомобил околу нејзиниот имот во Виндзор, истиот ден кога требаше да присуствува на самитот за климатски промени COP26 во Глазгов.

Нејзиното височество носеше марама и очила за сонце додека седеше зад воланот на нејзиниот зелен Јагуар кој обично го користеше за превоз на своите кучиња. 

Во петокот беше откриено дека 95-годишната кралица ги откажала сите работни посети во следните две недели и дека и било советувано да се држи до „лесната работа во канцеларија“. 

Тоа значи дека неколку нејзини кралски ангажмани се откажани, вклучително и конференцијата за климатски промени COP26 која започна вчера.

Кралицата, која неодамна за прв пат го употреби бастунот при кралски посети, се опоравува откако направи тестови и ја помина ноќта во болница минатиот месец.

Кралските помошници инсистираа дека таа е кралица на „доброто расположение“ и нагласија дека нејзиниот медицински тим едноставно презема „разумни мерки на претпазливост“ со најновите совети.


Фото: Профимедиа

Беше успешна манекенка, а сега е најмоќната жена во фудбалот: Која е дамата која одби да биде снаа на кралицата Елизабета