НЕВЕНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Нашиот народ навистина сакал да ги зема имињата на украсните или лековити растенија како лични имиња. Таков е и примерот со името Невена, кое првично било само име на лековито растение. Сепак, родителите почнале да им го даваат тоа име на своите девјчиња со цел да ги заштитат од болести.

Имено, се верува дека оние кои се викаат Невена „носат лекување и здравје“.

Исто така, некои толкувања велат дека тоа е негативна форма на глаголот „вене“, што значи дека Невена е таа што никогаш не згаснува, вечно млада, свежа, полна со живот, не венее.

Како и самото значење, личностите кои го носат ова прекрасно име се верува дека се нежни и пријатни.