Неверојатна приказна стои зад песната „Липе Цвату“: Брега ја напиша за позната пејачка, а вака звучеше првата верзија

Добивај вести на Viber


Еден од најпознатите музичари од поранешна Југославија е Горан Бреговиќ. Тој токму во Македонија со концерт ќе го прослави 74 тиот роденден, а култната песна „Липе цвату“ секако ќе се најде на репертоарот. Она што е интересно е дека Горан токму во Македонија во еден албански паб ја има создадено истата. Слушајки музика која била доста интересна добил идеја да ја направи „Липе цвату“, поточно првичната верзија „Шта чу нано драги ми је лут“. 

Јурица Паѓан во својата исповед за српски медиум откри дека оваа песна прва ја отпеа Бисера Велетанлиќ.

- Настапивме на Хит парадата во Белград. Имено, и таму настапивме самостојно, а Бреговиќ дојде во нашата соблекувална и праша - дали ќе му помогнеме да ја придружуваме Бисера Велетанлиќ за која напишал песна. Тој немаше бенд. Во соблекувалната со Брега за половина час ја научивме песната, излеговме на сцена... Тоа беше најважното и најпопуларното шоу во тоа време. Песната стана хит кога Брега ја сними со „Бјело дугме“ како „Липе Цвату“. Напиша нов текст, се присети фронтменот на групата Аеродром.

А еве како звучела првичната верзија на оваа култна песна: