Неверојатна приказна за крзнениот ангел: Седела на гробот и плачела, а потоа пристигнал „тој“ за да ја утеши (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Жена која плачела на гробот на саканата личност добила неочекувана посета, кога одеднаш се појавило мистериозно куче за да ја утеши.

Во животот можеме да доживееме болно и потресно искуство, оставајќи нè да плачеме и тагуваме, различните ситуации кои не се нималку пријатни оставаат длабока тага над нас, а во тие моменти единствено нешто кое ни е утеха.

Во такви околности, семејството, пријателите и колегите – се од клучно значење. Тие буквално можат да бидат рамо за плачење кога животот станува тежок. Секој има потреба од луѓе на кои ќе се потпре и ќе бара утеха во време на болка и неволја.

Доживувањето на смртта на некој близок е веројатно најлошото и најтешко искуство. Претерано е болно кога некој ненадејно ќе нè напушти, некој на кого сте му верувале и сте биле заедно со децении.



Во видеото објавено на TikTok, се гледа како жена која доживеала голема загуба во животот, наеднаш добила љубов и утеха и тоа од сосема непознат пријател. Слаткото куче се приближило до жената и ѝ ја пружило шепата како утеха.

Во описот напишан на шпански, стои дека таа тој ден дошла на гробиштата за да се збогува со личноста која најмногу ја сакала, а кучето пристигнало во моментите на разделбата. Тоа почувствувало дека жената која плаче на гробот има голема болка.

Има причина зошто кучињата се нарекуваат најдобри пријатели на човекот.