Невозможно е да ја препознаете: Во 90-те беше симбол на убавината во Холивуд, а денес бурниот живот си го зеде данокот

Добивај вести на Viber

Папараците пред неколку дена ja фотографираа актерката Јасмин Блит на улиците на Лос Анџелес, што беше вистинско изненадување, со оглед на тоа што познатата бринета со години се криеше од јавноста.

Јасмин се прослави во култната серија „Чувари на плажата“, а беше необично убава, па не е ни чудо што во средината на 90-тите важеше за олицетворение на сексипилноста. Но, денес таа изгледа далеку поинаку од убавата, згодна дама во црвениот костим за капење како што ја памети публиката.

Јасмин е фотографирана во ленен, светло син комбинезон и розова памучна маичка, а сè заокружила со бела чанта и удобни беж папучи. Актерката прошета без шминка и со коса во реп - лежерно издание без никаков труд.

Оваа 55-годишна жена ги накачила килограмите иако се гледа дека се уште е природно убава жена. Сепак, не може да се негира дека таа изгледа многу поинаку од порано, а нејзиниот бурен начин на живот можеби си го зема својот данок.

Да потсетиме, Блит еднаш ги напушти „Чуварите на плажата“ поради проблеми со наркотици. Западна во болен виор на зависност од кокаин, а самата призна дека на почетокот го земала лежерно, но дека на крајот на 90-тите се претворил во чист пекол, кој оставил белег на приватниот и деловниот свет, а се одрази и на нејзиниот изглед.

-Бев уморна да ме повредуваат. Ја изгубив вербата во љубовта. Само сакав да се чувствувам добро. И знаев лесен начин да се чувствувам така, изјави таа за Glamour во 2003 година.

Отпрвин, колегите, менаџерите и продуцентите едноставно ги игнорираа очигледните симптоми дека Јасмин има проблем со дрога.

-Имав крварење од носот неколку пати на снимањето, но шминкерот само ми даваше марамче без да каже ниту збор за да го избришам. Кога шмркав, мојот публицист им кажуваше на луѓето дека имам проблеми со синусите или алергиска реакција, се сеќава таа, а потоа објасни и како целосно се трансформирала физички:

-На крајот на 1999 година, престанав да личам на себе. Јас сум девојка со облини, но тоа го изгубив. Моите пријатели ми рекоа дека изгледам како вонземјанин, дека очите ми се шупливи. Имав 49 килограми.

Сепак, имаше многу посериозни неволји - поврзани со здравјето:

Добив инфекција која ми ја јадеше внатрешноста на носот, која беше „сурова“ и крвава. Докторот ме ставми даде антибиотици и ми рече дека ако продолжам да живеам со инфекцијата, таа ќе ми отиде во мозокот и ќе ме убие.

Сепак, Јасмин и покрај инфекцијата продолжила да конзумира кокаин, а имала и проблеми со законот поради диво возење. Дури во 2001 година, кога, по сопствено признание, го допре дното, го започна процесот на рехабилитација. Тогаш, во раните денови на закрепнувањето, таа рече дека борбата да се остане чист е доживотна борба.

На самиот почеток на рехабилитацијата го запознала претприемачот Пол Керит, за кој подоцна се омажила и истакна дека тој е главната причина поради која нејзиното мрачно минато останало зад неа.

-Тие велат дека не треба да стапите во каква било врска во првата година од рехабилитација, особено не со некој кој исто така е во програмата. Но, што да кажам - се заљубивме веднаш штом се видовме. Тој е причината што сум чиста денес. Сега чувството што го имам со Пол е подобро отколку кога користев кокаин, рече таа во 2003 година.

Истата година, Јасмин засекогаш го напушти Холивуд и до ден-денес живее далеку од очите на јавноста. И понатаму е во брак со својот сопруг, а поседува и кафуле во Лос Анџелес.

Фото: youtube/instagram