Незрелост – пандемија на денешното општество
Сите родители имаат одредени и врежани методи на одгледување-усвоени од своите родители, пријатели, советници, и прирачници. Колку можеме да бидеме во криво применувајќи ги, ќе дознаеме со време. Цената на криви обрасци во одгледувањето, која ја плаќаат и родителите и детето, може да биде превисока, и да се насади во проблематичното однесување на детето и бавното психолошко и емоционално созревање. Обично со методите на одгледување сакаме да им навестиме на децата да ги почитуваат нашите правила, пристојно да се однесуваат, говорат и мислат. Проблемот со нашите воспитни методи е тоа што на децата се обидуваме да им примениме методи на дисциплинирање од светот на возрасните-методи кои возрасните ги разбираат, но децата не. Нашето општество уште целосно не ги спознава внатрешните мотиватори на детското однесување и природни процеси кои децата ги тераат на одредено однесување. Не се знае дека токму примена на неадекватни, но вообичаени воспитни методи ја разбиваме особеноста на нашето дете, што има уништувачки последици на созревањето на детето, и тоа е една од причините зошто незрелоста станува пандемија на нашето општество. Имено, импулсивноста, афектирањето, тешкотии со прифаќање на промени, неодговорност, радикализам, перфекционизам, недостиг на чувство на лична вредност, потреба за компензација низ материјални добра -се само симптоми и последици на недовршен или расипан процес на созревање. Денешните методи на одгледување може грубо да се сортираат во неколку категории:
- Методи засновани на будење страв кај детето-закани, заплашување со тепање, казни и ултиматуми
- Методи засновани на страв од сепарација – изолација на детето, праќање во друга просторија или во ќош, игнорирање и молчење од страна на родителите, секој вид на екскомуникација на детето, глумење напуштање и сл.
- Метода заснована на последиците како казна за непожелно однесување – дисциплинска мерка поради непримерно однесување на детето.