Ни вирусот повеќе не е пречка: Двојка се венчаше во Ковид болница

Пандемијата на коронавирус на сите ни промени многу животни навики, не спречи да пауваме, да се гледаме со саканите, но и да ги прославуваме големите настани како венчавките.

Сепак, една двојка од Англија, и покрај тешка здравствена состојба, реши да застане на лудиот камен и тоа во Ковид болница. Иако животите им виселе на конец, медицинските сестри во англиската Ковид болница имале желба да ја венчаат заљубената двојка и на тој начин, можеби, да им ја исполнат последната желба.

По позитивниот тест за вирусот, Лизи и Симон биле сместени во одделни одделенија. Состојбата на Симон одеднаш се влошила и тој бил итно пренесен на интензивна нега.

„Умирав за да ја видам Лиса, навистина ми недостасуваше. Сакав да се вратам кај неа и херојски се борев да се вратам во нејзиниот оддел“ - вели Симон.

Медицинската сестра открила дека оваа двојка планирала венчавка уште во јуни, но короната ги спречила. Персоналот на болницата одлучил да ги израдува и да организира церемонија во болницата.

„Бев тажна кога слушнав дека не биле во брак. Потоа дојдов на идеја да се земат тука и тие се согласија. Иако условите не се идеални, ние сакавме да ги направиме среќни“ - вели една од сестрите.

Оваа медицинска сестра беше сведок и ја снимаше церемонијата на телефон за пријателите и семејството. Лизи и Симон се венчале три дена по пристигнувањето во болницата, со торта обезбедена од персоналот.

А, за да го имаат првиот бакнеж како маж и жена, треба да почекаат уште малку, бидејќи и двајцата сè уште примаат кислород.