НИЕ сме „Фешн Груп“: „Во мојот моден свет“ е новата колекција во која модели се нашиот тим

Добивај вести на Viber

Секогаш поразлични и уникатни, групацијата „ФешнГруп“ оваа година за промоција на новите колекции како модели ги одбра токму лицата во сенка, кои се двигатели на брендовите и компанијата заедно со целиот тим. Со неодоливи и уникатни фотографии ја претставија новата кампања насловена “Фешн Груп: Во мојот моден свет“.

Во целосна организација на маркетинг тимот на групацијата, изборот на локациите за самиот едиторијал беа олицетворение на урбаната страна на градот. Македонска пошта, Железничка станица и Кале каде тимот на „Фешн Груп“ ги прикажа најхрабрите и колоритни комбинации за оваа сезона.

Токму тоа е и пораката што тие ја испраќаат, дека оваа есен имате право да експериментирате и да го облечете вашиот омилен дуксер во неон жолта боја или можеби црвено палто кое ќе ве одвои од толпата, а за оние најхрабрите неизбежни се панталоните во златна металик боја.

 Позади секое „парче“ во едиторијалот се крие приказната „Во мојот моден свет“, a мотото на тимот на компанијата е дека токму гардеробата која секојдневно ја носиме ја прикажува нашата индивидуалност но ние сме тие кои ја даваат вредноста на истата. 

 -Есента со себе секогаш ги носи најурбаните слоевити комбинации па затоа овој пат заборавете на здодевните монохроматски парчиња и осврнете се на сите ултра модерни парчиња од нашите колекции есен-зима 22. „Фешн Груп“ е една од најголемите регионални компании чие портфолио вклучува некои од најголемите светски реномирани брендови како Boss, Hugo, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Levis, Okaidi, Superdry, Timberland, Replay и други, велат од менаџментот.

Целта од почетокот, па сè до денес е да им се овозможи на клиентите да го изградат личниот стил и да експериментираат со него, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

- НИЕ сме „Фешн Груп“, слоганот кој беше појдовна точна и „работен фајл” го претворивме во урбан концепт „Во мојот моден свет“ кој не прикажува сите нас, луѓето кои се дел од групацијата која постои на нашиот пазар речиси две децении. Сите индивидуалци кои ја сочинуваат групацијата нескромно ќе речам дека се креативци кои носат посебна инспиративна приказна со себе, велат од менаџментот на групацијата.

Тимот на „Фешн Груп“ во улога на модели за новата колекција, е идеја која чекала во фиоките на  групацијата уште од минатата сезона, но овојпат кога ни е потребна навистина голема мотивација за целосно да се вратиме во живот по пандемијата и да започнеме нов почеток го доживеа светлото на денот.

Маркетинг тимот на „Фешн Груп“ секогаш поаѓа од новите трендови но без исклучок секогаш се труди да се осврне на темелот на самата групација и она што произлегува како резултат на неуморното долгогодишно работење и креативноста која ја има секој поединец кој е инволвиран во било кој сегмент од работењето, а нивниот прогрес во работата и посветеност се дополнителен мотив за сите млади и амбициозни луѓе кои се дел од групацијата.

-Заслугата за оваа кампања ја препишувам на сите оние кои заземаа учество на било кој начин, јас секогаш се водам од она победата е послатка во тим. 

Само тој успех е оној вистинскиот.  Тоа и е всушност темелот и на оваа кампања. Секоја нова сезона е за нас нов предизвик, а оваа сакавме да ја раскажеме нашата приказна во модниот свет на „Фешн Груп“. Новите колекции пак совршено ја отсликаа онаа индивидуалност која секој од нас ја поседува. 

Ова е уште еден начин компанијата да им оддаде почит на своите вработени, сосема заслужни за успехот на истата, ставајќи на пиедестал дел од уникатните таленти кои ја претставуваат „Фешн Груп“ заедницата.

Благодарност до целиот тим во кампањата:

Александар Трпушевски специјалист за корисничка поддршка

Алмир Ибраим Вижуал Мерчендајзер во Fashion&Friends

Анастасија Стојановска асистент во продажба во Geox

Андреј Милуновиќ асистент во продажба во Dan John 

Бајрам Сејфула асистент во продажба во SuperDry

Габриела Момировска бренд менаџер на Women’secret

Ѓурѓица Павловска бренд менаџер на HUGO

Глигорије Глигоров асистент во продажба во Fashion&Friends

Јелена Вујошевиќ бренд менаџер на Kiko Milano

Јовица Даскаловски Вижуал Мерчендајзер во Mango

Кристина Момировска асистент во продажба во Parfois

Михаела Богоеска Вижуал Мерчендајзер во Guess

Моника Младеновска асистент во продажба во BOSS

Наде Андова асистент во продажба во Levi’s

Симона Спасовска асистент во продажба во Replay

Теодора Јаневска бренд менаџер на Springfield

Виолета Мешковска асистент во продажба во Okaidi

Зоран Костадиновски бренд менаџер на Aristoteli Bitsiani

Али Аручи асистент store menager во Guess

Аполонија Антиќ супервизор

ПР објава

ГАЛЕРИЈА