Никогаш не ја пробала, беше изгубена: По повеќе од 40 години претставена резервната венчаница на принцезата Дијана
Тајната на принцезата Дијана, изгубената венчаница откриена во јавноста 43 години по нејзината кралска венчавка со Чарлс
Несвесна за тоа каков брак и судбина ја чека, Дајана Спенсер се омажи за тогашниот принц Чарлс на 29 јули 1981 година во венчаница која беше прогласена за „најстрого чувана тајна во историјата“.
Целата кралска венчавка беше големо исчекување, тоа беше настан на векот, а за него се пишува и денес, децении подоцна.
Венчаницата на принцезата Дијана беше вистинска мистерија до денот на венчавката, а се чуваше во сеф за да остане тајна до последен момент.
Дизајниран од брачната двојка Елизабет и Дејвид Емануел, наметката со тафт од слонова коска беше извезена со светки, набраздена чипка и 10.000 бисери и беше проценета на 115.000 долари.
- Сакав фустанот да го симболизира нејзиното влегување како Лејди Дијана Спенсер и излегување од катедралата Свети Павле како принцезата од Велс. Сето тоа беше за претворање на Дијана во принцеза од бајка“, изјави Дејвид еднаш за Vogue.
Меѓутоа, Елизабет открила дека во исто време се работи на друг модел. Како што објаснила Елизабет Емануел, резервниот фустан морал да биде готов во случај да му се случи нешто на првиот, односно венчаницата која денес добро ја памети целиот свет.
Таа истакна и дека Дијана ќе облечеше друг фустан доколку јавноста некако дознаеше како изгледа главниот, со оглед на тоа што медиумите ги следат модните дизајнери откако беше откриено дека тие ќе бидат оние кои ќе ја креираат венчаница на векот.
„Во тоа време сакавме да бидеме апсолутно сигурни дека фустанот ќе биде изненадување“, рече Елизабет, која соработуваше на овој модел со нејзиниот тогашен сопруг Дејвид, за People во 2011 година. „Да се откријат тајните на главниот фустан, Дијана веројатно ќе мораше да облече друг.
Втората венчаница била толку тајна што дури ни членовите на кралското семејство не знаеле за неа.
Како што изјави Емануелова малку подоцна, во интервју за Дејли Мејл, тогаш резервниот фустан на Лејди Ди – исчезна! Овој модел не е ни целосно доработен, туку само три четвртини од венчаницата се сошиени, а основниот крој допрва треба да биде украсен со тантела. Откако свадбата заврши и немаше повеќе потреба од неа, самата Елизабет не мислеше многу на неа.
– Не знам дали го продадовме или го оставивме некаде. Имавме многу работа во тоа време. Сигурна сум дека ќе се појави еден ден – рече таа еднаш. Спектакуларна резервна венчаница сепак ја виде светлината на денот.
Користејќи стари скици и нацрти, фустанот кој не беше виден во јавноста 43 години е готов! Елизабет Емануел реши да го доврши овој фустан и конечно да и покаже на јавноста како изгледаше резервната венчаница на Дијана.
Оваа прекрасна венчаница сепак „оживеа“ и ќе биде изложена во Виртуелниот интерактивен музеј на принцезата Дијана.
Рене Плант, директор на овој музеј, за магазинот People изјави зошто фустанот сега е изложен во музејот.
- Никогаш не го видовме тој фустан на Дијана и мислевме дека би било убаво барем да го замислиме на неа.
Погледнете како таа изгледа во видеото: