Никогаш нема да си простам што не те спасив: Емилија Розман за никогаш непрежалениот татко
Манекeнката и модел Емилија Розман, по повод роденденот на својот починат татко, напиша многу емотивна порака.
„Никогаш нема да му простам на небото и универзумот што те зема тебе наместо мене. Единствена утеха ми е што не мораш ти да живееш со таа болка со која јас животарам секој ден... Без тебе нема живот, се е животарење... Колку среќен живот имавме, ох колку бевме среќни тато. Цел живот би го сменила за еден твој поглед, една твоја прегратка, за еден твој здив, уште еднаш само да ми се насмееш. Никогаш нема да си простам што не те спасив, ама вечноста имала други планови за тебе... Ми фалиш бескрајно многу, живеам за тие неколку секунди сон во кои те гледам и се е како порано, ние повторно сме заедно... Те љубам бескрајно тато, среќен роденден на небото, сигурно најјаката журка ја правиш ти! “
Таа многупати досега покажа колку и недостасува татко ѝ.